Дома Фудбал Останато Тажна вест: Почина фудбалерот кој две години блескаше во Ла Лига, постигнуваше голови против Атлетико и Реал

Тажна вест: Почина фудбалерот кој две години блескаше во Ла Лига, постигнуваше голови против Атлетико и Реал

Мароканскиот фудбалер Абделазиз Берада почина на 35-годишна возраст најверојатно како последица од срцев удар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Берарда беше репрезентативец на Мароко и за оваа афричка репрезентација одигра 24 натпревари, а на клупски план ги бранеше боите на Гетафе, Марсеј, Анталија и бројни други клубови.

Во младинските категории беше дел и од Пари Сен Жермен. Роден е во Франција каде и што почина.

Последниот ангажман го имаше во францускиот Лустианос Сент Мери во 2021 година, а поради срцеви проблеми мораше порано да ја заврши кариерата.

Најдобрите години од кариерата ги помина во Гетафе помеѓу 2011 и 2013 година. Во тие две години беше стартер и еден од најважните фудбалери на овој тим. Успеа во тој период да постигне погодоци и против двата гиганти од Мадрид, Атлетико и Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона подготвува спектакуларно засилување кое би ги воодушевило навивачите!

Барселона оствари контакти со претставниците на Хари Кејн за да ја испита опцијата за потп…