Еден од најважните луѓе на УЕФА, Герхард Ајнер, почина на 80-годишна возраст во текот на вчерашниот ден.
Ајнер беше еден од главните протагонисти на идејата за Лигата на шампионите, како и многу други работи во европскиот смрт.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во јавноста по трагичната вест се огласи и претседателот на Европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин.
„Фудбалот загуби еден од своите навистина големи лидери. Герхард беше клучен во создавањето на Лигата на шампионите, играјќи клучна улога во претворањето на УЕФА во модерното раководно тело на европскиот фудбал како што е денес. Тој беше човек со интегритет кој секогаш се залагаше за внатрешните вредности на играта. Ќе ни недостига“, истакна Чеферин.
Поради смртта на поранешен функционер на УЕФА, натпреварите на Европското првенство кои се играат денеска ќе започнат со минута молк. На последните два натпревари од вчерашната програма на тој начин веќе беше оддаден чест на Ајнер.