Дома Останати Судот ја прифати жалбата: Намалена суспензијата на Шарапова

Судот ја прифати жалбата: Намалена суспензијата на Шарапова

Арбитражниот спортски суд во Лозана делумно ја прифати жалбата на руската тенисерка Марија Шарапова и ја намали суспензијата од две години на 15 месеци.

Меѓународната тениска федерација ја казни Шарапова бидејќи беше позитивна на мелдониум на допинг контролата за време на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во образложението на одлуката, Судот наведува дека „Шарапова сноси дел од одговорноста“ за користење на лекот за срце, кој официјално беше забранет на 1 јануари оваа година, заради што суспензијата не можеше да биде укината, туку само намалена.

По денешната одлука, Шарапова ќе може да се врати на тениските терени на 26 април следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Бројките не лажат: Ова е уште еден доказ зошто Новак е најдобриот на сите времиња

Се повеќе се оние кои тврдат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а за…