Дома Фудбал Репрезентации Судијата правеше циркус на натпреварот на Бразил, победи за Аргентина и Уругвај 🎥

Судијата правеше циркус на натпреварот на Бразил, победи за Аргентина и Уругвај 🎥

Изминатата вечер се играа квалификации за Светското првенство во Јужна Америка.

Аргентина го победи Чиле со 2:1 на гости во Калама. Натпреварот за Аргентина немаше голема важност затоа што „Гаучосите“ веќе го обезбедија пласманот во Катар, затоа и Меси доби одмор. Гостите на крајот сепак и победија со головите на Ди Марија и Лаутаро. Единствениот гол за Чиле беше дело на Бен Брерентон-Дијаз.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Натпреварот меѓу Еквадор и Бразил заврши без победник 1:1. Во ов ој натпревар главен лик беше судијата Вилмар Ролдан кој се истакна на неславен начин со низа неесоодветни одлуку. Неколку пати ги менуваше одлуките после реакција од ВАР. Доволно е да се каже дека покажа два црвени картони, поништи уште два, а досуди и поништи два пенали.

Како и Аргентина така и Бразил го имаше обезбедено својот пласман на СП и натпреварот го играа со втор тим. Од друга страна на Еквадор му е важен секој бод во битката за пласман во Катар. Головите ги постигнаа Каземиро и Торес.

Уругвај славеше против Парагвај и така си ги зголеми своите шанси за пласман на Мундијалот. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…