Дома Македонски спорт Мак фудбал Судиска анализа: Без грешка судиите во ПМФЛ, оштетени Слога Виница и Караорман во ВМФЛ

Судиска анализа: Без грешка судиите во ПМФЛ, оштетени Слога Виница и Караорман во ВМФЛ

Судиската комисија на ФФМ ја објави редовната анализа на спорните моменти од Првата и Втората македонска фудбалска лига.

Според анализата во ПМФЛ судиите одлично си ја завршиле работата и се поминало без грешки, додека во ВМФЛ има оштетени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На натпреварот  ФК Слога Виница – ФК Воска одигран на 01.04.2023 година, анализирани  се ситуациите од 39. и 57. минута.

Главен судија: Доне Ристовски; Помошни судии: Тоше Ицев  и Зоран Ангелов;

39. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домаќините беше во посед на топка и во ветувачка акција за гол во шеснаесетникот на гостите, играч од одбраната на гостите со лизгачки старт од зад грб (на ногата, а целта му беше топката) стартуваше над играчот правејки прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри и дисциплинска мерка жолт картон за играчот на гостите поради поради недозволен лизгачки стар од зад грб (на нога) на противникот.

57. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри).

Играч од екипата на гостите беше во поседн на топка во шеснаесетникот на домаќините, голманот направи лизгачки старт на играчот и ја изби топката пред играчот, потоа топката дојде до соиграч на играчот кој упати удар кон голот и промаши, потоа судијата досуди удар од 11 метри

Погрешна одлука на главниот судија што досуди удар од 11 метри за екипата на гостите, лизгачкиот  старт на голманот беше исправен, односно голманот стигна пред играчот до топката и коректно стартуваше.

На натпреварот  ФК Арсими – ФК Караорман одигран на 01.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 2. минута.

Главен судија: Дени Лековски; Помошни судии: Николче Дрнковски и Владимир Митревски;

2. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (не досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домакините додаде топка до соиграч во шеснаесетникот на гостите, соиграчот со глава ја додаде топката до друг соиграч кој во моментот на додавање се наоѓаше во недозволена позиција офсајд), т.е позади претпоследниот играч од одбраната на гостите и постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија, голот требаше да се поништи и да досуди индиректен слободен удар (офсајд позиција) за екипата на гостите,бидејки играчот на екипата на домаќините кој го постигна голот при додавањето на топката од својот соиграч се наоѓаше во недозволена позиција, зад претпоследниот играч од одбраната на гостите.

Комплетната анализа можете да ја прочитате на сајтот на ФФМ – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…