Дома Трансфер зона Суарез разочаран: После само два месеци сака да го напушти Национал?

Суарез разочаран: После само два месеци сака да го напушти Национал?

Луис Суарез на крајот на минатата сезона го напушти Атлетико Мадрид и одлучи да се врати во Уругвај во дресот на Национал.

Еден од најдобрите напаѓачи во светот е дете на овој клуб, но уште пред 16 години го напушти преминувајќи во Гронинген, а подоцна остави голема трага во Ајакс, Ливерпул и Барселона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред две години како слободен играч Суарез ја напушти Барселона и се пшресел иво Атлетико каде што го водеше овој тим до шампионската титула и тоа беше доказ дека имаше уште што да понуди на највисоко ниво.

Меѓутоа откако на крајот на минатата сезона му истече договорот Атлетико одлучи да не ја продолжи соработката. Имаше повеќе понуди Суарез, а ја избра онаа од Национал.

Сега уругвајските медиуми пренесуваат дека Суарез не е премногу задоволен во Национал и верува дека има уште некоја сезона на високо ниво. Наводно тој е спремен да го раскине договорот кој му истекува на крајот од годината и на крајот на наредниот месец да побара нов клуб надвор од Уругвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…