Луис Суарез од навивачите и соиграчите на Барселона се прости со емотивно видео.
Третиот најдобар стрелец во историјата на Барселона си замина од клубот после шест години 283 натпревари, 195 голови и 113 асистенции. Роналд Куман го „отпиша“, па Суарез немаше друга опција освен да си замине.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Суарез веднаш пронајде нов клуб, преминува во Атлетико Мадрид.
„Од првиот ден во клубот уживав во исполнувањето на сонот да го носам дресот на Барселона. Постигнав гол во „Ел Класико“ против Реал и така го исполнив сонот кој го сонував како дете. Ниту во најлудите соништа не замислував дека можам да станам трет стрелец во историјата на Барселона, но и тоа се исполни, толку многу уживав во тоа“, изјави Суарез.