Дома Фудбал Суарез објасни на кого беше посветена прославата на голот

Суарез објасни на кого беше посветена прославата на голот

Луис Суарез синоќа постигна гол против својот поранешен клуб Барселона и беше инспиратор на победата на Атлетико Мадрид.

Суарез не сакаше да го слави голот од почит кон Барселона, побара извинување од навивачите, но испрати порака гестикулирајќи телефонска слушалка.

„Телефонската слушалка е посветена на луѓето кои преку телефон ми се јавија и ми соопштија некои работи. Сакам да им порачам дека уште го немам сменето бројот и уште сум тука. Не сакав да го славам погодокот од почит кон Барселона. Свесен сум низ каков тежок период поминува Барселона заедно со играчите и навивачите“, рече Суарес.

После доаѓањето на Куман на кормилото на Барселона, на Уругваецот му беше порачано дека повеќе за него нема место во тимот и може да си бара нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул подготвува потег: Араухо може трајно да остане на „Енфилд“

„Црвените“ се задоволни од уругвајскиот дефанзивец и на зима би можеле да отворат разговор…