Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, за кого пред два дена се појави информација дека добил повик од Стивен Џерард, може уште во јануари да се пресели во Астон Вила.
Медиумите тврдеа дека Суарез на лето најверојатно ќе потпише за Астон Вила, но Уругваецот е смрепен веднаш да се врати во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според „Дејли Мејл“, 34-годишниот напаѓач сака да игра уште година и половина во Европа, а потоа да се пресели во МЛС лигата заедно со Лео Меси.
Астон Вила го сака Суарез, но не може да плаќа за трансфер, па останува да видиме дали Атлетико е спремен да го пушти без обештетување, со оглед на фактот дека договорот му истекува по неколку месеци.