Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви му соопштил на менаџерот на тимот Жозе Мурињо дека ова лето треба да се сконцентрира само на слободни агенти.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Мурињо нема да добие буџет за летни трансфери и ќе може да потпишува само со слободни агенти, а тоа сериозно ги промени плановите на Португалецот, кој сакаше сериозно да го засили тимот.
Мурињо ова лето ќе остане без Мишел Ворм и Јан Вертонген, па треба да донесе нивна земена, притоа има потреба од еден играч за врска и еден напаѓач.
Тотенхем трпи сериозни финансиски загуби поради пандемијата, па ги намали платите на сите вработени и поради тоа претседателот нема да оддели средства за летни трансфери.
Единствен начин Тотенхем да биде активен на трансфер пазарот е да продаде една своја ѕвезда, а се поизвесно е дека тоа ќе биде Хари Кејн.