Дома Македонски спорт Мак фудбал Струга со четири гола во второто полувреме го „скрши“ отпорот на Вардар

Струга со четири гола во второто полувреме го „скрши“ отпорот на Вардар

Актуелниот шампион на Македонија, Струга Трим Лум денес на домашен терен славеше убедлива победа против Вардар во заостанатиот натпревар од 5-тото коло.

Вардар во натпреварот влезе по две победи против Работнички и Брера, но немаше сили за изненадување против фаворизираната Струга.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, вардарци добро се држеа имаа и свои шанси, а во првиот дел не видовме погодоци.

Резултатот беше отворен во 56. кога Бесарт Ибраими го матираше голманот Гачевски. Дека Струга ќе ги однесе бодовите почна да станува јасно кога Мазрекај на 15-тина минути до крајот зголеми на 2:0. Капитенот на Стружани, Таири се погрижи за 3:0 во 84. минута, додека конечните 4:0 беа поставени во самата завршница.

Вардар со овој пораз останува последен на табелата со 11 бода, пред црвено-црните се Воска Спорт и Македонија Ѓорче Петров со по 12. Струга од друга страна е третопласирана (24), Шкупи и Шкендија со по еден повеќе се на првата и втората позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…