Дома Македонски спорт Мак фудбал Струга со победа се враќа од Кратово

Струга со победа се враќа од Кратово

Лидерот во македонскто првенство Струга Трим Лум дојде до победа на гости во Кратово.

Стружани беа подобриот противник од стартот на натпреварот и до водство дојдоа после само 10 минути кога Ибраими погоди од пенал. Во 22. минута Силекс остана и со играч помалку, па работата за домаќинот стана уште потешка.

Три минути по исклувањето на Љамалари Малески погодува за веќе 2:0. И по тие 2:0 создаваше шанси Струга, на моменти се заканувшае и Силекс. Сепак, се што успеаа да направат Кратовчани е голот за утеха во 83. минута.

Останатите натпревари од ова коло се играат утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…