Европската „куќа на ракометот“ има строги правила пред континенталниот собир во Унгарија и Словачка.
Како што е познато сите учесници пред стартот на ЕП треба да направат три тестирања на Ковид. За ракометарот да има право на учество на ЕП треба сите три теста да му бидат негативни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првото тестирање кое беше направено вчера во нашиот табор за среќа помина без ниту еден позитивен случај. Но, има репрезентации кои пријавија позитивни играчи и се соочуваат со проблем. Имено, сите се надеваа дека ракометарите кои сега се позитивни ако наредните два теста им бидат негативни ќе може да играат, меѓутоа не е така.
ЕХФ дозволува учество само со три негативни теста. Следното тестирање на Македонија ќе биде на 7-ми јануари, а последното на 10-ти пред тргнувањето. Ако некој добие позитивен тест нема да може да и помогне на Македонија ЕП. ЕХФ дозволува приклучување на ракометарот со позитивен тест само после 14 дена изолација.