Дома Македонски спорт Стојановски: Саудиска Арабија е квалитетна репрезентација, ќе покажеме дека селекторот може да смета на нас

Стојановски: Саудиска Арабија е квалитетна репрезентација, ќе покажеме дека селекторот може да смета на нас

Maкедонската фудбалска репрезентација која во најголем дел е составена со фудбалери од првата лига на Македонија в сабота ќе игра против Саудиска Арабија во Абу Даби.

Од утрово повиканите репрезентативци на кои ќе смета Милевски за овој дуел се веќе во Абу Даби и подготовките се започнати. Дел од селекцијата е и Влатко Стојановски кој зад себе има и настапи за „вистинската“ репрезентација на Македонија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова е еден тест како за нив така и за нас. Тие се квалитетна репрезентација која ќе на стапи на Светското првенство во Катар, очекувам еден добар натпревар. Сите фудбалери кои се тука ќе го дадат максимумот за да покажат на селекторот дека може да смета на нив за следните натпревари“, изјави Стојановски пред овој натпревар.

СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА:

Голмани: Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Костадин ЗАХОВ (Шкендија), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);

Одбрана: Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифаг, Саудиска Арабија), Егзон БЕЈТУЛАИ (Шкендија), Марио МЛАДЕНОВСКИ (Шкупи), Кристијан ТОШЕВСКИ (Тирана, Албанија), Бојан ИЛИЕВСКИ (Македонија Ѓ.П.), Зија МЕРЏАНИ (Струга Трим Љум), Владица БРДАРОВСКИ (Шкупи);

Среден ред: Иван НИКОЛОВ (Брегалница), Адем АЛИ (Шкупи), Ферхан ХАСАНИ (Шкендија), Бунјамин ШАБАНИ (Струга Трим Љум), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев);

Напад: Бесарт ИБРАИМИ (Струга Трим Љум), Влатко СТОЈАНОВСКИ (Шкендија), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија), Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Шкупи), Методија МАКСИМОВ (Работнички).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…