Дома Трансфер зона Стоперот на Севиља на лето се сели на „Камп Ноу“?

Стоперот на Севиља на лето се сели на „Камп Ноу“?

Еден од играчите кои беа откритие во Лигата на Шампионите оваа сезона, стоперот на Севиља, Клеман Ленгле најверојатно ќе го облече дресот на Барса.

Каталонците се воодушевени од игрите на 22-годишниот стопер на Севиља, кој особено одлично одигра во двомечот со Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампионите и не им е проблем да му ја платат откупната клаузула, која изнесува 45 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Дека Ленгле со една нога е веќе во Барселона, потврди и тренерот на Севиља, Монтела.

„Тој е шампион, има силен карактер и во иднина дефинитивно може да игра за Барселона“, изјави Монтела.

Ленгле во одбраната на Барса би можел да го замени Самуел Умтити, кој е блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Звезда повторно ќе ја полни касата: Уште еден фудбалер пред милионски трансфер

Eкипата на Црвена Звезда одново би можела да има милионска продажба. Играше српскиот клуб …