Дома Македонски спорт Мак ракомет Столе: Со Кјелце не чека голема борба, некој на крајот ќе плаче – нека си оди Кара разочаран!

Столе: Со Кјелце не чека голема борба, некој на крајот ќе плаче – нека си оди Кара разочаран!

Денес прес-конференција пред натпреварот со Кјелце во сабота одржаа тренерот Едуард Кокшаров и Стојанче Стоилов

„Не чека тежок натпревар со Кјелце. Сите сакаме да победиме против Кјелце, тој е наш голем ривал. Сепак, ситуацијата не е добра, имаме повреди, не знаеме на што сме…Сепак наше е да излеземе и да дадеме се од себе како и во секој натпревар“, изјави Стоилов.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кокшаров доби за повредените играчи, Криштопанс се повреди последен во натпреварот од СЕХА лигата против Војводина.

„Не можеме да кажеме кој ќе игра, засега не знаеме. Тоа важи и за Криштопанс и за сите останати“, изјави тренерот Кокшаров.

Со Кјелце во Скопје ќе гостува Игор Карачиќ кој долго време ги бранеше боите на Вардар.

„И Кјелце како што гледам има проблеми и очекувам интересен натпревар со многу борба, на крајот некој ќе плаче…. Против Карачиќ сум играл во репрезентација, се познавме и од тренинзите. Јас се надевам дека ќе си оди разочаран. “, со насмевка и желба за победа порача Столе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…