Дома Топ вести Столе Димитриевски денес го заврши и победи во најдолгиот натпревар во историјата на шпанскиот фудбал!

Столе Димитриевски денес го заврши и победи во најдолгиот натпревар во историјата на шпанскиот фудбал!

Екипата на Рајо Ваљекано за која игра македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски по пауза од шест месеци конечно го доигра натпреварот против Албасете.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој натпревар беше прекинат поради расистички скандирања после едно полувреме. Денес се доигра второто и победи Рајо со 1:0.

Шпанците овој меч го означија како најдолгиот во историјата на шпанскиот фудбал бидејќи почна во декември, а се доигра денес. По прекинот на натпреварот требаше да се одреди нов датум за оигрување, но тогаш се појави пандемијата со коронавирусот и дури денес го добивме крајниот епилог.

Така нашиот Димитриевски стана дел од тимот кој победил во најдолгиот натпревар во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…