Вардар на денешната ждрепка во полуфиналето на фајнл-фор турнирот за противник го доби првиот фаворит за трофејот, шпанска Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Капитенот на Вардар, Стојанче Стоиов после ждрепката го изнесе своето гледање и порача дека за Вардар било се исто против кого ќе играат.
„Нас ни е исто. На фајнл-форот сите екипи имаат еднакви шанси да стигнат до трофејот. Барселона можеби е во мала предност, тие беа први во нашата група. Игравме два пати против нив оваа сезона и изгубивме, но ние сме Вардар и никогаш не се предавме, така ќе биде и овој пат“, изјави Стоилов.
Потоа Столе доби прашање дали тоа што играле два натпревари против нив е предност.
„Исто е и за нив и за нас. Игравме два пати, сега има само еден натпревар и во тој се може да се случи“, порача капитенот на црвено-црните.