Дома Трансфер зона Стигна првото засилува на „Олд Трафорд“, Мурињо “искешира“ 35 милиони!

Стигна првото засилува на „Олд Трафорд“, Мурињо “искешира“ 35 милиони!

mourinho

Фудбалерот на Бенфика, Виктор Лиделф, наредната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ за трансферот на овој фудбалер на Бенфика ќе и исплатат 35 милиони евра и плус 10 милиони преку бонуси. Швеѓанецот е првото засилување за Јунајтед за наредната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Островските медиуми тврдат дека повеќе засилувања во “срцето“ на одбраната нема да има, штоперскиот тандем наредната сезона ќе го сочинуваат Ленделф и Ерик Баји. Ова значи дека нема ништо од купувањето на Ван Дајк од Саутемптон или враќањето на Мајкл Кин од Барнли.

Јунајтед сега може да го сврти вниманието кон другите засилувања. Се бара лев бек, Алба и Алекс Сандро не се реални мети, но Роуз од Тотенхем би можел да биде вистинскиот човек за Мурињо.

Мурињо сака да го засилува и средниот ред. Тука како прв на листата е Немања Матиќ од Челзи, посебно откако Челзи го обезбеди Бакајоко од Монако. Опција е и Фабињо, а Иван Перишиќ е мета уште поодамна за крилната позиција, преговорите со Интер се во тек веќе некое време.

На крајот, најголемото засилување би требало да пристигне во нападот. Мурињо се договори со Алваро Мората, се чека зелено светло од Реал Мадрид кој ја одби првата понуда од 60 милиони евра. Меѓутоа ако играчот инсистира, клубот ќе биде приморан да пронајде пронајде заеднички јазик со „Црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…