Дома Фудбал Стигна казната за Италијанецот кој го провоцираше Мурињо

Стигна казната за Италијанецот кој го провоцираше Мурињо

Марко Иани, помошникот на Маурицио Сари е казнет од страна на Англискиот фудбалски Сојуз поради провокацијата на сметка на Жозе Мурињо.

Ќе потсетиме, Иани после голот на Рос Баркли против Манчестер Јунајтед за 2:2 во 96 минута дојде пред Мурињо за да го провоцира и прослави погодокот.

Португалецот тргна и да се пресметува со Италијанецот, но се брзо се смири, а подоцна Мурињо доби и извинување од таборот на неговиот поранешен клуб.

Десет дена после инцидентот ФА ја соопшти одлуката според која Иани е казнет со 6.000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…