Дома Македонски спорт Мак баскет Стигна казнатаза Чаир: До крајот на сезоната без публика!

Стигна казнатаза Чаир: До крајот на сезоната без публика!

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ денес донесе одлука за инцидентот од неделата помеѓу Чаир и Работнички.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот на Чаир 2030 и Работнички беше прекинат откако беше нападнат гостински кошаркар, а денес е донесена одлука Чаир речиси до крајот на сезоната да игра пред празни трибини на домашните средби.

Казната за Чаир изнесува десет натпревари играње пред празни трибини. Ако се знае дека до крајот на регуларниот дел има уште 13 натпревари во кои Чаир на шест средби треба да биде домаќин, па заедно со трите средби на домашен терен во плејаут лигата значи дека овој тим нема да има публика до крајот на сезоната.

Исто така чаирчани се казнети и со 200.000 денари. 48.000 денари за прекинот, 132.000 денари според дисциплинскиот правилник, а по 10.000 денари се казнети за Рушити Арбин како еден од инцијаторите. Казна од 10.000 денари заработи и Работнички за однесувањето на Ерик Нотиџ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…