Српскиот репрезентативец Александар Коларов ова лето сигурно ќе ја напушти Рома, а италијанските медиуми пренесуваат дека би можел да се пресели во Црвена Звезда.
Коларов играл во младинските категории на Црвена Звезда, но никогаш не стигнал до првиот тим, меѓутоа не крие дека е голем фан и дека сака кариерата да ја заврши токму во тој клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Првиот човек на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, потврди за српските медиуми дека веќе ги остварил првите контакти со Коларов.
„За Александар вратите секогаш се отворени, моја желба е тој да се врати овде“, потврди Терзиќ.
Коларов сезонава покажа дека се уште е во врвна форма и на 43 меча за „волчицата“ постигна девет гола и запиша три асистенции.
Aleksandar Kolarov could leave #ASRoma this summer for a return to his boyhood club Red Star Belgrade https://t.co/DPzvq5y9L6 Crvena Zvezda pic.twitter.com/TrvE3qIa9b
— footballitalia (@footballitalia) May 28, 2019