Дома Трансфер зона Стигна богата и интересна понуда за Луис Суарез

Стигна богата и интересна понуда за Луис Суарез

Луис Суарез би можел во следниот период да ја напушти Барселона.

Барем така тврди Мундо Депортиво, кој објави дека 33-годишниот напаѓач има понуда од МЛС лигата и тоа од екипата Интер Мајами.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сопственикот на тимот од Флорида, Дејвид Бекам сака да направи голем тим во наредните години, а една од првите ѕвезди која може да дојде е Суарез.

Уругваецот има договор со Барса до следното лето. Ако одигра повеќе од 60% од натпреварите наредната сезона, договорот автоматски би се продолжил за уште една година, но прашање е дали тоа ќе се случи.

Суарез на маса има одлична понуда од Интер. Иако му е желба се уште да настапува за Барса, нема дилеми дека ќе го гледаме во МЛС лигата во наредните години.

Суарез е во Барселона од 2014. година, а за клубот одигра 281 натпревар и постигна 196 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…