Дома Топ вести Стигнаа резултатите: Агуеро има срцева аритмија

Стигнаа резултатите: Агуеро има срцева аритмија

Серхио Агуеро вчера против Алавес беше заменет во 41. минута од натпреварот поради вртоглавица и отежнато дишење.

Аргентинецот целата итно беше пренесен во болница каде што му беа направени тестирања. Денес стигнаа резултатите од прегледите и се покажа дека Агуеро има срцева аритмија, односно на моменти срцето му работи неправилно – пребрзо или пребавно.

Според информациите од Барселона Агуеро се чувствува добро, мирен е и ја сфаќа ситуацијата во која се најде. Веројатно одреден период ќе одмара и нема да патува со екипата на натпреварот со Динамо во Киев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Еди Хау го одби Ланс, чека подобра понуда

Еди Хау, поранешниот тренер на Њукасл, го одби францускиот клуб Ланс, кој му понуди позици…