Дома Фудбал Англија Стерлинг се прости од Манчестер Сити: Седум сезони, 11 големи трофеи, сеќавања за цел живот!

Стерлинг се прости од Манчестер Сити: Седум сезони, 11 големи трофеи, сеќавања за цел живот!

Репрезентативецот на Англија Рахим Стерлинг денес и официјално се прости од Манчестер Сити каде што помина седум години. Следната станица во неговата кариера ќе биде лондонски Челзи.

Стерлинг уште пред еден месец соопшти дека сака во Лондон, а Сити немаше проблем да го пушти за околу 55 милиони фунти. Челзи ќе биде третиот клуб на Стерлинг во Премиер лигата, пред Сити настапуваше за Ливерпул.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стерлинг сега со писмо се обрати до клубот и навивачите на Манчестер Сити.

„Седум сезони, 11 големи трофеи, сеќавања за цел живот…Благодарен сум на успесите и падовите затоа што понекогаш падовите ја тестираат вашата сила и одлучност. Стигнав во Манчестер како 20-годишник и заминувам како маж. Ви благодарам на големата поддршка, ми беше чест да го носам дресот на Манчестер Сити“, порача 27-годишниот фудбалер на шампионот на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…