Дома Фудбал Стерлинг потпишува рекорден договор со „Адидас“

Стерлинг потпишува рекорден договор со „Адидас“

Ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг е блиску до потпишување на рекорден договор со спортската компанија „Адидас“.

Во моментов англискиот репрезентативец има договор со „Најк“, кој истекува на 31-ви јули. Медиумите тврдат дека Стерлинг веќе ги договорил условите  за потпис со „Адидас“.

Се тврди дека договорот ќе биде „тежок“ 10 милиони фунти годишно, плус одредени бонуси.

Според англиските медиуми овој договор може да го олесни трансферот на Стерлинг во Реал Мадрид. „Адидас“ како партнер многу пати им помогнал на „кралевите“ да донесат нова ѕвезда во тимот, таков беше случајот и со Дејвид Бекам.

Стерлинг исто така е заинтересиран за преселба на „Сантиаго Бернабеу“, па овој договор со „Адидас“ може да го забрза трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…