Дома Фудбал Стерлинг за методите на Гвардиола: Ќе ме убиеше бидејќи изгубив три топки

Стерлинг за методите на Гвардиола: Ќе ме убиеше бидејќи изгубив три топки

Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг целосно се препороди играчки во втората сезона под водство на Пеп Гвардиола.

Англискиот крилен напаѓач едноставно е кошмар за противничките одбрани, а заслугите за добрата игра фудбалерот ги препишува на својот тренер.

„Знае да биде многу незгоден кога е незадоволен. Се сеќавам на натпреварот против Кристал Палас во декември. Изгубив три топки и помислив дека повеќе нема да играм до крајот на сезоната бидејќи по натпреварот Пеп скоро и да ме убиеше“, истакна Стерлинг.

Офанзивецот на веројатно новиот шампион на Англија ја објасни и тајната на успехот на Гвардиола.

„Гвардиола знае да го извлече максимумот од своите фудбалер и на сите во тимот и става до знаење кога ќе биде направена грешка. Поради тоа се издвојува од другите“, откри Стерлинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија оди по нов успех во Струга, Криезиу предупредува на ситните детали

Струга и Шкендија се среќаваат во 13. коло, а Алмир Криезиу ја нагласува важноста на психо…