Дома Фудбал Лига на шампиони Стерлинг до Фил Фоден: Легнувај во кревет веднаш дете

Стерлинг до Фил Фоден: Легнувај во кревет веднаш дете

Манчестер Сити вчера одигра одличен натпревар и со огромни 7:0 го декласираше германски Шалке.

Овој натпревар ќе остане во убаво сеќавање на сите играчи на „граѓаните“, но посебно на талентираниот Фил Фоден кој добива се повеќе шанса во последно време кај Пеп Гвардиола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фоден вчера ги одигра последните 30 минути од натпреварот на „Итихад“, а тие му беа доволни да се запише во листата на стрелци. Со овој погодок Фоден стана најмладиот англиски играч кој постигнал гол во Лигата на шампионите.

После голот Фоден доби поздрав и од колеџот во кој учи.

Младиот фудбалер по завршувањето на натпреварот се огласи преку својот Твитер профил каде што напиша:

„Вредеше што заборавив да ја напишам домашната задача за ноќ каква што беше оваа“, напиша Фоден, а следуваше интересно надоврзување на Рахим Стерлинг.

„Утре си на училиште. Легнувај во кревет веднаш дете“, гласеше пораката од неговиот соиграч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…