Дома Фудбал Англија Стерлинг ги обвинува медиумите на Островот за расизам: Ова е неприфатливо! (ФОТО)

Стерлинг ги обвинува медиумите на Островот за расизам: Ова е неприфатливо! (ФОТО)

Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг ги обвини англиските медиуми за ширење расизам во фудбалот.

Стерлинг после натпреварот против Челзи на „Стенфорд Бриџ“ се пожали на расна дискриминација, за потоа на својот Инстанграм да порача дека може да се насмее на сето тоа бидејќи не очекувал ништо подобро.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тој потоа отиде и чекор подалеку и го опиша начинот на кој медиумите на Островот известуваа за двајцата млади играчи Тосин Адарабиоја и Фил Фоден.
Покрај текстот го постави и спорниот наслов.

Насловот кој се однесува на Адрабиоја, кој е црнец е фокусиран на тоа како потрошил 2.25 милиони евра за куќа и покрај тоа што не започнал натпревар во Премиер лигата. Од друга страна насловот за Фоден зборува дека купил куќа од два милиони фунти за својата мајка.

“Земете ги двајцата млади играчи кои ги започнуваат своите кариери и кои направија вистинска работа – купија куќа за своите мајки кои им помогнале да бидат таму каде што се. Но, погледнете како медиумите ги пренесуваат вестите, како е пренесена веста за црниот, а потоа за белиот играч“, напиша Стерлинг.

Тој додаде и дека вакво однесување на медиумите е неприфатливо.

„Тоа е неприфатливо. Тие не направија ништо погрешно. Ова расизам и агресивно однесување“, додаде англискиот фудбалер.

sterling

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…