Дома Трансфер зона Стариџ донесе одлука – заминува во јануари!

Стариџ донесе одлука – заминува во јануари!

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ донесе одлука да го го напушти „Енфилд“ во зимскиот преоден рок и да се пресели во клуб каде што ќе има поголема минутажа.

28-годишниот напаѓач сака да помине повеќе минути на теренот со цел да може да влезе во списокот на селекторот за престојното Светско првенство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стариџ воопшто не влезе во игра на последните два натпревари иако во претходните два на кои доби шанса постигна два гола.

Самиот селектор, Герет Саутгејт изјави дека Стариџ е еден од најдобрите голгетери во државата, но добива многу мала минутажа за да го повика во националниот тим.

Според „Мирор“ Стариџ не гледа дека ситуацијата на „Енфилд“ може да се промени па затоа е спремен да си бара нов клуб. Притоа се надева дека Ливерпул за него ќе бара адекватна сума која нема да ги одбие заинтересираните клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…