Дома Трансфер зона „Стариот“ Роналдо за ситуацијата со Модриќ: Сите чекаме…

„Стариот“ Роналдо за ситуацијата со Модриќ: Сите чекаме…

ronaldo modric

Легендарниот бразилски напаѓач, Роналдо Луис Назарио Де Лима, зборуваше на актуелната тема во фудбалскиот свет – потенцијалниот трансфер на Лука Модриќ во Интер.

Роналдо во 2002 година после пет сезони поминати во Интер поптиша за Реал Мадрид каде што исто така се задржа пет години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Трансфер пазарот е навистина чуден и ќе видиме што ќе се случи. Се надевам дека Интер ќе ги оствари своите цели, голем навивач сум на тој клуб. Модриќ? Не знам дали се договориле, сите чекаме. Секој голем клуб сака да се засилува, а Интер е токму таков“, изјави Роналдо за „Скај Спорт“.

Потоа Бразилецот го прокоментира и трансферот на Кристиано Роналдо во Јувентус.

„Тоа е позитивно за италијанскиот фудбал. Во последните сезони Серија А беше во пад, а ова е идеална прилика да се врати во голем стил“, смета легендарниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…