Дома Трансфер зона „Старата дама“ во јануари тргнува по метата на Клоп?

„Старата дама“ во јануари тргнува по метата на Клоп?

alegri

Како што во овој момент стојат работите, најверојатно во зимскиот преоден рок Јувентус и Ливерпул ќе водат голема борба.

„Старата дама“ од поодамна покажа интерес за фудбалерот на Ливерпул, Емре Џан. „Бјанконерите“ во Џан гледаат замена за искусниот Сами Кедира кој наредното лето би можел да се пресели во МЛС лигата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На германскиот репрезентативец од редовите на Ливерпул договорот со „црвените“ му истекува на крајото д сезоната и во наредните шест месеци „старата дама“ ќе се обиде да го доведе во своите редови.

Како што сега пренесува португалската „А Бола“ oвие два клуба ќе водат борба и на уште еден фронт.

Имено, Јуве и Ливерпул покажале интерес за португалскиот репрезентативец од редовите на Спортинг, Жеисон Мартинс

„Старата дама“ оваа сезона веќе два пати се сретна со „лавовите“ во Лигата на шампионите, па така имаа можност на дело да ги видат квалитетите на Мартинс кој го привлече нивното внимание.

Овој 22 годишен Португалец игра одлично оваа сезона, постигна пет погодоци во Примера и еден во Лигата на шампионите, а Јувентус веќе во јануари би можел да го доведе во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…