Легендарниот холандски фудбалер Јап Стам од следната сезона ќе седне на кормилото на холандскиот гигант Феенорд.
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и Милан ќе го замени Џовани ван Бронкхорст, кој на крајот од оваа сезоната ќе си замине по четири години на чело на клубот од Ротердам.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
46-годишниот Стам го води Цволе од почетокот на годината. Пред тоа, тој беше менаџер на англиски Рединг, каде што стигна до плејофот во својата прва сезона, но беше отпуштен пред крајот на втората.
Ван Бронкорст, кој го предводеше Фееноорд до првата титула по пауза од 18 години во 2017 година, објави во јануари дека ќе побара други предизвици по истекот на неговиот договор.
Стам со Феенорд се договори за двегодишна соработка која официјално ќе започне на 1 јуни.