Дома Фудбал Стадионот на Барселона денес се уште се вика „Ноу Камп“ само поради Сандро Росел

Стадионот на Барселона денес се уште се вика „Ноу Камп“ само поради Сандро Росел

Управата на Барселона минатата година најави можност дека може да ги продаде ексклузивните права за името на стадионот „Камп Ноу“ со цел да остварат дополнителни приходи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голем број навивачи се против ваквата идеја, сметаат дека тоа би значело продажба на дел од идентитетот на клубот, но иста беше и работата кога Барселона одлучи да стави име на спонор на дресот, па целата раба после некое време се смири.

Шпански „Ел Паис“ открива дека во меѓувреме стигнала понуда од 300 милиони евра од медиумската куќа „Медиапро“ за стадионот на Барса да се преименува во наредните 20 години.

Претседателот на клубот Бартомеу размислувал за оваа понуда, па побарал од медиумската куќа да ја отфрли тужбата која ја имала кон Сандро Росел во 2016 година поради индустриска шпиунажа.

Од „Медиапро“ таквото барање го одбиле, па поради тоа стадионот на Барса и понатаму го носи името „Ноу Камп“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најголема сензација на Мундијалот: Шпанија не победи против Зеленортски Острови!

Првиот фаворит на Светското првенство, фудбалската репрезентација на Шпанија, не успеа да …