Неверојатен настап за викендот имаше 18-годишниот Еритон Книгтон.
Книгтон трката на 200 метри ја истрча со време од 19.49 и така стана светски рекордер во јуниорска конкуренција. Меѓутоа еден податок е поважен. Младиот Американец успеа да го сруши рекордот на Усаин Болт кој во 2004 година истрча со време од 19.93.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Атлетската легенда од Јамајка долги години го држеше тој рекорд додека не се појави Книгтон кој издоминира во својата конкуренција.
Во споредба со сениорска конкуренција само тројца се побрзи од Книгтон и тоа: Болт (19.19), Јохан Блејк (19.26) и Мајкл Џонсон (19.32). Со оглед на тоа дека Книгтон е побрз од Болт во јуниорска конкуренција многумина сметаат дека конечно може да се најде некој кој ќе ги надмине бројните рекорди кои ги постави Јамајканецот.