Дома Фудбал Останато Срушени сите рекорди: Дресот на Марадона продаден за вистинско богатство!

Срушени сите рекорди: Дресот на Марадона продаден за вистинско богатство!

Дресот на легендарниот Диего Марадона кој го носеше во натпреварот против Англија во 1986 година е продаден на аукција за неверојатни 7.1 милиони фунти.

Станува збор за дресот со кој Марадона ја изведе славната „божја рака“. По тој натпревар дресот заврши во поранешниот репрезентативец на Англија Стив Хоџ во чија сопственост беше и до денес.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Би-Би-Си“ пренесува дека дресот е продаден на аукција и тоа за неверојатни 7.1 милиони фунти и тоа е најскапиот спортски сувенир во историјата. Претходно рекордот го држеше дресот на легендата на Њу Јорк Џенки Бејби Рут кој во 2019 година се продаде за 4.4 милиони фунти.

Интересно е што претходно во 2020 година Хоџ изјави дека дресот нема цена и дека нема да го продаде.

„Го имам тој дрес 34 години и никогаш не сум помислил да го продадам. За мене тој има неверојатна сентиментална вредност. Луѓето често ме бараат и ми доаѓаат дома, некогаш ситуациите и не се баш пријатни“, изјави тогаш Хоџ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лапорта договорил голем трансфер: Барселона добива засилување од Германија

Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезон…