Двата голмани кои 20 години доминираат во ракометниот и фудбалскиот свет во овој момент се членови на ист клуб – ПСЖ, а за официјалната страна за прв пат во својата кариера беа поврзани во интересен предлог.
Буфон не правеше проблем, Омејер да ги тестира неговите ракометни вештини, но новинарите ни овозможија да видиме и како Омејер се снаоѓа помеѓу фудбалските стативи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Омејер го итервјуираше Буфон за животот во Париз, но интересено е што на Италијанецот не му требало многу време да го научи францускиот јазик. Единствената замерка можеби е тоа што не знаеше колку е долг ракометниот терен.