Дома Македонски спорт Мак фудбал Србинот Никола Ескиќ го засили средниот ред на Брегалница

Србинот Никола Ескиќ го засили средниот ред на Брегалница

Брегалница го ангажираше и осмото засилување за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска лига која за „сините“ утре стартува во Штип со натпреварот против еден од водечките фаворити за титулата, екипата на Шкупи. Нов фудбалер на „сините“ и Србинот Никола Ескиќ.

Носени од желбата за што поуспешно свое враќање во прволигашката конкуренција Брегалница потпиша договор со еден од најголемите српски фудбалски таленти. Се работи за 23-годишниот Ескиќ кој доаѓа од редовите на минатогодишниот суперлигаш Бачка. Ескиќ зад своето име има повеќе од 120 настапи во Супер лигата на Србија, претходно и во дресот на Напредак Крушевац.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ескиќ, кој игра на централните позиции во средниот ред треба да биде повеќе од сериозно засилување за составот на Марјан Секуловски за настапите во Првата лига.

Од претходно, како што е познато, нови членови на Брегалница се и српскиот офанзивец Милан Ѓокиќ, поранешниот бугарски репрезентативец Иван Минчев, кој игра во средниот ред, како и крилниот офанзивец Бобан Георгиев кој пристигна од редовите на Борац Бања Лука. Засилена е и одбраната со македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов, повратникот Стефан Коцев и Хрватот Антонио Азиновиќ. Нападот е засилен и со искусниот Марјан Алтипармаковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…