Дома Фудбал Репрезентации Крос се огласи откако УЕФА ја призна големата грешка: Што сега? Можеме ли да се прогласиме за шампиони?

Крос се огласи откако УЕФА ја призна големата грешка: Што сега? Можеме ли да се прогласиме за шампиони?

Европската куќа на фудбалот призна дека судиите погрешиле што не и дале пенал на Германија во натпреварот против Шпанија по ударот со рака.

Кукуреља имаше очигледно играње со рака сопствениот шеснаесетник, но тогаш од постоеше објаснување дека не е пенал затоа што раката на Кукуреља е спуштена.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сепак, скоро три месеци подоцна Судиската комисија на УЕФА потврди дека е направена грешка и порача дека во иднина ќе се следат претходните насоки, односно било какво играње со рака во шеснаесетникот ќе биде пенал (освен кога раката е залепена до телото).

„Според новите насоки на УЕФА, контакт на топка со рака при удар кон голот треба да се казнува со пенал, освен ако ракатат на дефанзивецот не е преблизу или прилепена до телото. Во случај како на ЕП во мечот меѓу Германија и Шпанија, шпанскиот играч го запре шутот, а раката не му беше близу до телото“, стоеше во соопштението.

По ваквата реакција со саркастичен коментар се јави Тони Крос.

„Три месеци им требаа да сфатата дека тоа е пенал, а беше нешто кое сите го видовме во една секунда. Ви благодарам, ништо не ни значи. Можеме ли да се прогласиме за шампиони на Европа со оваа потврда? Не, би рекол…“, изјави Крос.

Оваа ситуација беше во продолженијата од натпреварот при резултат 1:1, а Шпанија подоцна со голот на Микел Мерино дојде до победата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…