Дома Фудбал Италија Спортскиот директор на Јувентус открива детали: Како се започнало и како завршил Роналдо во Торино

Спортскиот директор на Јувентус открива детали: Како се започнало и како завршил Роналдо во Торино

Човекот кој го наследи Бепе Марота во Јувентус, Фабио Партичи беше најзаслужниот што Кристиано Роналдо денес игра во Торино, а сега откри како успеал да го договори.

Како и што се откри претходно се започнало во натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус во Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во натпреварот во Мадрид, се сретнавме со Менедеш. Во таа прилика му кажав Роналдо против нас даде неколку неверојатни голови. Неговиот одговор пријатно ме изненади: Нема да верувате, но ако Ронало заминува од Реал би сакал да игра во Јувентус. Звучи чудно. Ќе разговараме подоцна“, откри Партичи за „Газета дело Спорт“

Партичи бил изненаден од неговите зборови, но почнал да размислува за зборовите на Мендеш.

„Размислував за неговите зборови, а тогаш се сретнавме кога го комплетиравме трансферот на Кансело. Тогаш одново ја отворивме таа тема. Менедеш беше сериозен. Ми го кажа следното: Роналго ќе го напушти Реал и сака трансфер во Јувентус. Во Англија играше за Манчестер Јунајтед, па во Шпанија за Реал. Сака да ја освои италијанската лига и ако вие сакате лесно ќе се договориме“, изјави Партичи.

Набрзо потоа започнале официјалните преговори за трансфер на Роналдо.

Се зборувало за платата и оштетата која Јувентус ќе му ја плати на Реал Мадрид. На крајот се постигна договор за 100 милиони евра оштета и плата на Роналдо од 35 милиони евра по сезона.

https://www.youtube.com/watch?v=CvMuEFMCxsk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…