Италијанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио отпатувал во Лондон каде ќе има состаноци со челниците на Тотенхем и Челзи.
На дневен ред ќе бидат четворица фудбалери на кои им истекува договорот на лето, од кои тројца настапуваат во Тотенхем и еден во Челзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аусилио ќе има состанок со овие клубови за да ја испита колкава е можноста фудбалерите да трансферираат во Милано уште во јануари.
Станува збор за Ериксен, Вертонген и Алдервајлед од Тотенхем, како и Оливие Жиру од Челзи.
Токму Жиру е главната мета на „нероаѕурите“ во јанури бидејќи Конте бара напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Лукаку.
Жиру не е стандарден во Челзи, па се претпоставува дека двата клуба ќе најдат заединчки јазик за трансфер за симболична сума.