Дома Фудбал Спортскиот директор го разочара Чави: Тешко дека ќе може некого да доведеме

Спортскиот директор го разочара Чави: Тешко дека ќе може некого да доведеме

Барселона во овој момент не е во позиција да доведува нови играчи во јануарскиот преоден рок.

Како што стојат работите Чави веројатно до крајот на сезоната ќе може да смета само на постоечкиот кадар. И ова не се медиумски шпекулации, туку најава на спортскиот директор на клубот Матео Алемани.

Каталонскиот гигант има проблеми, поради тие проблеми мораше и Меси да си замине и ситуацијата се уште не е во целост решена. Поради тоа клубот можеби нема да може никого да доведе во преодниот рок кој следи.

„Ќе видиме што ќе биде во јануари. До тогаш има уште месец ипол и работиме на тоа. Во овој момент не постои шанса некого да доведеме во јануари, но ќе видиме како се ќе сизгледа во јануари“, изјави Алемани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галијани влегува во игра за врвот на ФИГЦ, Малаго брои 13 сојузници

Дел од клубовите во Серија А го разгледуваат Адријано Галијани како кандидат за прв човек …