Дома Македонски спорт Спорт,рекреација и екологија – Mozzart спонзор и учесник на настанот “Леуново ОЦР 2023”

Спорт,рекреација и екологија – Mozzart спонзор и учесник на настанот “Леуново ОЦР 2023”

Во селото Леуново, Маврово по трети пат се одржа трка со совладување пешадиски препреки, позната како “OCR Macedonia”

Лидерот во приредување игри на среќа го поддржа овој спортски настан и со свој тим зема учество во истиот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трката се одвиваше во планински предел со должина од 12 километри по која беа поставени разни препреки, како што се ѕидови кои требаше да се прескокнат, ползење под бодликава жица, фрлање со копје, носење тежок товар, одење по баланс-јаже, качување на јаже и уште многу други.

„Позитивна енергија, волшебна природа и натпреварувачи спремни на се’!  Вака само накратко би го објаснила целиот настан Леуново ОЦР 2023 кој го одземаше здивот од секоја гледна точка. Вкупно настапија 300 натпреварувачи од кои една третина беа жени, кои во најдобро можно светло покажаа како е да се биде рамо до рамо со мажите, дури и кога е во прашање физичката издржливост. Секој учесник кој успешно ја заврши трката му беше доделен и финишер медал, кој во соработка со Mozzart, го изработивме во уникатен дизајн соодветен за ваква трка. Добрите идеи и добрите настани секогаш имаат уште подобри поддржувачи, така за нас вистински ветер во грб е несебичната поддршка на Mozzart, со кои се надевaме ќе продолжиме во нови успеси” , изјави Марија Алексова претседател здружение за спортски игри со препреки Отаку Скопје

Покрај тоа што земаа учество во трката, вработените во компанијата Mozzart, ја искористија оваа можност да ја подигнат еколошката свест и реализираа акција за чистење на теренот кој беше преполн со расфрлани отпадоци.

„ Чест и задоволство ни беше да бидеме спонзор на еден ваков голем настан. Ние како општествено одговорна компанија секогаш сме тука да дадеме помош и поддршка онаму каде е потребно. Покрај тоа што се јавивме како спонзор, на трките учествувавме и со наш тим, а реализиравме и еколошка акција, изјавија од компанијата. 

Името на Mozzart веќе одамна се споредува со општествена одговорност, помош, поддршка и хуманост.

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа до застанал зад многубројни вакви и слични спортски настани како што е Трка на поезијата во Струга, Синдикални игри на УПОЗ, Охрид трчат, Спортски игри Велес, Турнир во мал фудбал Крива Паланка, Државно првенство во Џудо и многу други.

Со исто темпо продолжуваме и понатаму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…