Дома Фудбал Спортинг Лисабон плати 10 милиони за тренер кој нема лиценца

Спортинг Лисабон плати 10 милиони за тренер кој нема лиценца

Стефан Ристовски ќе има нов тренер во Спортинг Лисабон откако досегашниот предводник, Силас, пред два дена доби отказ.

Клубот од Лисабон реши да го ангажира младиот стратег Рубен Аморим за кого на Брага и платија 10 милиони евра, иако тој се уште ја нема потребната УЕФА лиценца.

Аморим на кормилото на Брага беше само 13 натпревари, но на овие средби забележа одлични резултати, односно 10 победи, едно реми и два порази, а донесе и титула во Лига Купот.

Аморим ќе биде најскапиот португалски тренер за кого е платена откупната клаузула од десет милиони евра. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија оди по нов успех во Струга, Криезиу предупредува на ситните детали

Струга и Шкендија се среќаваат во 13. коло, а Алмир Криезиу ја нагласува важноста на психо…