Компанијата за спортска опрема „Хумел“ каде што Кире Лазаров е заштитно лице ја соопшти информацијата околу тоа дали тој ќе игра на денешниот натпревар против Чешка или не.
Според она што е објавено на профилите на Хумел на социјалните мрежи, Лазаров денеска нема да може да им помогне на своите колеги туку ќе биде поддршка за нив од клупата. Веќе е јасно дека Кире Лазаров ќе биде во составот против Чесите, но сè поизвесно е дека нема да може да игра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Повредата која што Лазаров ја доби на дуелот против Шпанија е од посериозен карактер, па ќе мора и денеска да одмори. Останува неизвесно дали ќе може евентуално утре против Данска да биде дел од оние ракометари коишто ќе играат на теренот.
Средбата против Чешка почнува од 20:30 часот, а сите се надеваат и понатаму дека Лазаров ќе може барем во еден дел од мечот да им помогне на своите колеги
With more than 1.000 goals Lazarov Kiril – 7 is regarded as one of the best handball scorers of all time. But who is…
Posted by hummel on Dienstag, 23. Januar 2018