Дома Фудбал Англија Спектакл на Вила Парк: Чудесниот Бамфорд ја разби Астон Вила ?

Спектакл на Вила Парк: Чудесниот Бамфорд ја разби Астон Вила ?

Лидс во првиот натпревар од шестото коло во ПЛ ја совлада Астон Вила на гостувањето со убедливи 0:3.

И двата тима играат одлично во новата сезона. Вила беше перфектна до ова коло со четири победи, но Биелса и Бамфорд синоќа им приредија тежок пораз.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вила ја имаше најдобрата шанса во првото полувреме. Џек Грилиш го совлада голманот на гостите, но Ајлинг ја извади топката од гол-линијата.

На одмор заминаа без голови, а во продолжение чудесниот Бамфорд ја сруши Вила.

Одличниот напаѓач постигна хет-трик од 55 до 74 минута. Му донесе победа на својот тим од 0:3 и барем за кратко го однесе својот тим до третото место на табелата.

За Вила ова е прв пораз оваа сезона. Имаат 12 бода и натпревар помалку и се втори на табелата.

Нашиот репрезентативец Алиоски за прв пат оваа сезона го одигра целиот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поранешниот фудбалер на Ливерпул го посрамоти претседателот на Франција 🎥

Францускиот претседател Емануел Макрон учествуваше на хуманитарниот фудбалски натпревар „P…