Дома Останати Спектакл во Мелбурн: Каролина се искачи на тронот

Спектакл во Мелбурн: Каролина се искачи на тронот

Каролина Возњацки го освои својот прв Гренд слем во кариерата откако во големото финале на Австралија Опен ја совлада Симоне Халеп 7:6 (2), 3:6, 6:4.

Возњацки е првата тенисерка од Данска која освоила некој од најголемите четири турнири, а воедно се врати и на првото место на ВТА листата после шест години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Финалиниот спектакл се играше скоро три часа. Воњацки подобро започна и после испуштениот брејк стигна до предност во сетови преку тај-брејк.

Видовме неколку спектакуларни поени, огромна борба од двете тенисерки и навистина одличен тенис.

Каролина успеа да ги сочува двата брејка добиени на почетокот, маратонското полуфинале против Анџелик Кербер изгледа сепак остави траги на нејзината физичка форма.

Освојувачката на турнирот ќе добие 3.2 милиони евра, додека второпласираната односно Халеп ќе мора да се задоволи со двојно помала сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Синер: Ве молам не ме споредувајте со Ѓоковиќ

Во овој момент Италијанецот, Јаник Синер е втор најдобар тенисер во светот. Од почетокот н…