Дома Фудбал Италија Со сопругата го изгубил седмото дето, како мал немал пари ни за банани – животниот пат на големиот борец Михајловиќ

Со сопругата го изгубил седмото дето, како мал немал пари ни за банани – животниот пат на големиот борец Михајловиќ

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ кој ја води Болоња познато е од пред 40тина дена дека боледува од леукемија против која храбро се бори.

Михајловиќ не се предава го покажа тоа и пред некој ден кога се појави на клупата на Болоња во натпреварот од Серија А. Покрај Миха сигурно се неговите пријатели и семејството кои со сето срце се надеваат дека ќе оздрави, а животот на Миха не е бајка. Тој во детството имал тешки моменти за кои зборуваше во текот на кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Како дете сакав банани, но немавме пари. Мајка ми купи една банана и морав да ја поделам со брат ми. Денес одам во ресторани и ја бирам најдобрата храна, но ништо не може да го замени вкусот на таа банана. Богатството кое ќе го оставам на своите деца не е материјално, во прашање се вредности и учење“, изјави Миха во една прилика.

Тежок период Миха имаше и со сопругата Аријана. Тие изгубиле дете кое требало да биде нивно 7-мо.

„Пред нешто повеќе од една година Аријана и јас чекавме уште едно дете. За жал бременоста беше прекината. Да се добие бебе на 50 години на некој начин е како да е прв пат. Мојата жена пати поради тоа. Скоро секоја ноќ пред спиење таа мисла мисла ми се појавува“.

Миха има и желба која никогаш нема да му се оствари.

„Би сакал уште еднаш да го прегрнам мојот покоен татко кој на 69 години почина од рак на белите дробови. Од дтуга страна мајка ми и понатаму ме гледа со истп оглед како кога бев мал. Таа не зборува италијански, моите деца малку знаат српски, но секогаш кога ќе не посети ја гледам љубовта помеѓу нив“, изјави српскиот стратег.

Инаку како што пишува магазинот „Стори“ Миха ги замолил децата да не го посетуваат во текот на лекувањето за да не го гледаат во тешка состојба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…