Ал Наср по тешкиот пораз од Селта (5:0) на подготовките во Португалија, синоќа доживеа нов убедлив пораз.
Подобра од тимот на Саудиска Арабија беше Бенфика која победи со 4:1, а во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тимовите од Саудиска Арабија можат да ги купат сите најдобри играчи во светот, но двајца-тројца од нив, покрај прилично слабите домашни фудбалери, не можат многу да сторат против врвните тимови.
Тоа го покажа синоќешниот дуел меѓу Ал Наср и Бенфика на кој португалскиот шампион лесно победи со 4:1, а разликата лесно можеше да биде поголема.
Бенфика целата работа ја заврши во првото полувреме, по што имаше водство од 3:1.
Првиот гол беше виден во 23. минута. Анхел Ди Марија се прошета низ одбраната и погоди за 1:0.
Потоа на сцената стапи Гонкало Рамос. Напаѓачот на лисабонскиот великан постигна два лесни гола во 30. и 38. минута за високи 3:0.
Ал Наср успеа да постигне гол во 42. минута. Калид Ал Ганам некако успеа да постигне гол за 3:1.
Победата на Бенфика ја потврди Шјелдеруп во 68. минута од натпреварот за убедливи 4:1, иако разликата можеше да биде и поголема.
Кристијано Роналдо во неколку наврати повторно беше во центарот на вниманието. Тој беше пречекан со овации, а потоа во текот на натпреварот се скара со навивачите на кои им покажа дека има пет трофеи во Лигата на шампионите.
Исто така, имаше едно излетување во празно кога Анхел Ди Марија лесно го доби во дуел, а КР беше доста лут затоа што се посрамоти пред цел свет.
Vai aonde Cristiano?
— Diário dos Boleiros (@diariotorcidas) July 20, 2023
Hoje não passa frio, Di Magia fez a mão pic.twitter.com/m3Nmq8OQMa