Дома Македонски спорт Мак фудбал Со вкупни убедливи 7-0 Шкендија се пласира во второто коло од Лига Европа

Со вкупни убедливи 7-0 Шкендија се пласира во второто коло од Лига Европа

Фудбалерите на Шкендија го минаа првото квалификациско коло во Лига Европа, откако во двомечот со вкупен резултат 7-0 ја елиминираа молдавска Дачија.

Вицепрвакот на Македонија по триумфот на првиот натпревар, во Струмица, со 3-0, во реваншот во Кишињев, славеше уште поубедливо 4-0.

Алими го постигна првиот гол по 32 минути игра, потоа Дачија во 37.минута остана со фудбалер помалку бидејќи Адроник го доби вториот жолт картон, а по претпоследната минута од првиот дел Жуниор го постигна вториот гол.

Резултатот 2-0 беше актуелен до финишот, кога Зејнулаи и Хасани од пенал ја потврдија победата на Шкендија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Работнички го напаѓа врвот во Охрид, Пелистер ја чека својата шанса

Охрид и Работнички влегуваат во директна пресметка за првото место, со само еден бод разли…